МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека е почната исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец април 2021 година.
-Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска – 4 мај 2021 година, информираат од МТСП.
Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, од Министеството за труд и социјална политика информираат дека за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето.
Така, денеска ќе се врши исплатата на правата на корисници чии презимиња почнуваат на А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ, а во текот на утрешниот ден (среда) корисниции чии презимиња почнуваат на М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива