-->
-->
МТСП: Во тек е исплатата на пензиите за месец јули
-->
Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска почнува етапната исплата на пензиите за месец јули. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во две групи, според висината на пензијата.
- За пензии со висина до 14.000 денари, исплатата се врши на денеска, а за пензии над 14.001 денари исплатата се врши на утре, информираат од Министерството.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на патот Штип-Кочани
-
Пронајдена дрога при претрес во Прилеп, приведено едно лице
-
Премиерот Мицкоски во посета на Кавадарци
-
Загина пешак кај кочанското село Тркање
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк
-
Хезболах објави дека уште еден висок командант е убиен во израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут
-
Расходите на Харис во август во кампањата се три пати поголеми од оние на Трамп
-
Русија соборила над 100 украински дронови над неколку области