МТСП: Социјална сигурност за околу 6.000 стари лица
Околу 6.000 стари лица над 65 години кои немаат други извори на егзистенција се очекува да бидат опфатени со Законот за социјална сигурност на стари лица кој веќе стапи во сила. Тие ќе бидат социјално обезбедени, односно ќе земаат месечен надоместок од околу 6.000 денари.
Право на надоместок имаат сите лица кои се државјани на Република Северна Македонија најмалку 15 години и не примаат старосна пензија, вклучувајќи ги и лицата без ден работен стаж.
– За домаќинствата кадешто и мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална сигурност, надоместокот ќе го користи само еден член бидејќи станува збор за право од социјалната заштита и не е поврзано со пензиското и инвалидското осигурување, појаснуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Оттаму информираат дека од денеска стартува и поднесувањето на барањата за сите нови права што се воведуваат со социјалната реформа, како што е и правото за надоместокот за социјална пензија.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор