МТСП со апел да им се помогне на бездомниците од студеното време
Министерството за труд и социјална политика апелира до граѓаните да пријавуваат случаи на бездомништво во Црвениот крст и во центрите за социјална работа.
Како што соопштија од Министерството, апелот е поради неповолната временска состојба и минусните температури, а дежурните тимови ќе ги згрижат и сместат бездомниците во пунктот во Момин поток - Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување на бездомни лица, кои што минатата есен беа отворени во Струга, Битола и Струмица.
Граѓаните ќе можат да пријават и да помогнат на бездомник на контакт телефоните на дежурните екипи во:
Скопје,
Црвен крст - 071 733 171, 023096 227
ЦСР-078 230 943, 076 381 762
Струга,
Црвен крст 070 249 733
ЦСР- 075 588 980
Битола,
Црвен Крст - 075 907 060
ЦСР- 071 342 492
Струмица,
Црвен Крст 070 253 441
ЦСР- 075 377 798.
Ново на Сител
-
Се трага по две девојчиња на возраст од 13 и 14 години кои излегле од дома и не се вратиле
-
Мицкоски: Очекувањата се позитивни, по средбите на Муцунски во Вашингтон
-
Двајца браќа се обиделе да разделат тепачка пред теретана во Чаир - завршиле со убодни рани
-
Повредени двајца малолетници од битолско откако со мотоцикл излетале од патот
-
Скопјанец излетал надвор од коловозот на автопатот Скопје–Велес
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје
-
Зеленски во Вилнус: Русија е принудена на дипломатија, имаме вистинска шанса за мир
-
Јахоски утрово се пријавил во Кривичен суд , од Апелација велат дека не издаваат патни исправи