МТСП: Дијалогот за пораст на платите во јавниот сектор продолжува, целта е креирање на одржлив и праведен систем за сите
Економско - социјалниот совет (ЕСС) денеска продолжи со Eдинаесетата седница со која претседаваше Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, а на која беа презентирани нови симулации согласно претходно предложениот пораст на плати од страна на претставници на синдикатите.
По дадените предлози, како што информираат од МТСП, беше отворена конструктивна дискусија меѓу присутните. Социјалните партнери се договорија понатамошните преговори за Методологијата за пораст на платите во јавниот сектор да се одвива во помала работна група составена од членовите на ЕСС која ќе работи зачестено, а ќе излезе со предлози до следната седница на ЕСС.
На Седницата беа присутни Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, Размена Чекиќ – Дуровиќ, државна секретарка на Министерството за економија, претставници на синдикатите - членови на економско-социјалниот совет, нерепрезеентативните синдикати и претставници на институциите.
Целта на Владата, велат од Министерството за труд и социјална политика, е креирање праведен и одржлив систем од кој секој добива и воспоставување на методологија иста за сите вработени во јавниот сектор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на О. Кисела Вода
-
Тренчевска: 12 илјади пензионери нема да добијат покачување на пензиите
-
Без ефикасен систем за управување со отпад, државата ризикува од поголеми финасиски и еколошки штети
-
По две недели, трагедијата во Кочани во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“
-
30 дневен притвор за обезбедувањето на Мицкоски се обидел да земе 50.000 евра за службените документи