Мрачниот датум кој Македонија никогаш нема да го заборави - еден месец од несреќата кај Ласкарци
Денеска се навршува еден месец од страотната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, која однесе 15 човечки животи и го зави Гостивар во црно. Гостиварци се` уште чувствуваат тага по своите сограѓани и со болка и жалење го спомнуваат трагичниот настан. 13 февруари, 2019-та година, ќе остане запишан како мрачен датум за градот, но и за целата држава.
Автобусот на Дурмо Турс, кој тргнува кон Гостивар од скопската автобуска станица во 16.15 часот со 51 патник, излетал од коловозот, ги пробил банкините, паднал и се превртел на стариот дел од патот.
Во нтрагедијата животите ги загубија:
Дејан Ристоски,
Раметула Абдураими,
Валдете Хамити,
Јовица Трпевски,
Бесим Фетаи, Онур Садику,
Есат Емрули,
Ајдин Исмаили,
Бејза Узеири,
Зоран Давидовски,
Бобан Аврамовски,
Трпана Јаневска,
Павле Костоски,
Арсе Арсоски.
Трагедијата ја стресе земјава, беа прогласени денови на жалост, се одржаа комеморативни седници во спомен на жртвите.
Гостивар се обедини во тагата и во пораката „Сите се возиме во ист автобус“
Причините за несреќата, се` уште се истражуваат и надлежните институции за сега не откриваат во јавноста што покажале досегашните вештачења, исказите од преживеаните патници и другите материјални докази.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати