Можни локални излевања и поплавувања поради најавените дождови
Се очекува зголемување на водостоите во горниот дел од сливовите на Вардар, Треска, Црна, Радика, Сатеска, Црн Дрим и Голема (Ресенска) ако поради најавениот дожд попладнево и за време на ноќта наврнат 25 литри на метар квадратен, особено во западните делови од земјата, соопшти УХМР.
Доколку дождот биде распространет на поголема површина, не само локално, можни се локални излевања на реките во посочените сливни подрачја, а ако на места врнежите се поројни, како што се најавува, можни се брзи истекувања и локални поплавувања во помалите речни сливови и суводолиците во западниот и североисточниот дел на земјата.
УХМР предупредува на претпазливо следење на состојбата и внимателно движење покрај реките и суводолиците.
Покрај дождот, за зголемување на нивото на водата придонесува и топлото време кое продолжи да го топи снегот на повисоките места, посебно Шар Планина, Кораб, Бистра и планинскиот масив Јакупица.
Ново на Сител
-
ЦУК: Турски туристи спасени кај Кањонот Матка
-
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година
-
Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон
-
Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025
-
Доналд Трамп денеска полага заклетва како 47. претседател на САД
-
Шест загинати и седуммина повредени во пожар во дом за нега на стари лица во Белград
-
Во Хрватска масовни повици за бојкот- Не купувајте ништо в петок на 24 јануари
-
Утрото студено, преку ден до 11 степени