МотоГП: Маркез победи на „Мизано“
Лидерот во генералниот пласман во МотоГП, Марк Маркез победи на трката за ГН на Сан Марино и го зацементира своето прво место во првенството.
Пилотот на „Хонда“ ја забележа победата број 77 во сите класи на моторцикли во неговата кариера, по триумф, остварен во последниот круг на италијанската писта „Мизано“. Шпанецот го надмина 20-годишниот пилот на Јамаха, Фабио Куартараро, кој се бореше за својата прва победа во кралската класа, водејќи во над 90% од трката.
Маверик Вињалес со фабричката Јамаха, кој стартуваше од пол-позицијата, на крајот имаше сили само за третото место.
Зад триото на подиумот на четвртото место заврши Валентино Роси, следен од Морбидели, со што и четирите мотоцикли на Јамаха завршија во топ 5.
Зад двајцата Италијанци се наредија Довициозо, Еспергаро, Жоан Мир со Сузуки и двајца пилоти со Дукати – Џек Милер и Данило Петручи , кој напредуваше седум места во рамките на 27 обиколки во „Мизано“.
Со предност од 93 поени пред второпласираниот Андреа Довициозо од Дукати, Маркез е уште поблизу до својата осма светска титула.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата