Македонија
14. March 2017 - 10:13

Мотоциклист итно пренесен на Ургентен по сообраќајка во Тафталиџе

Мотоциклист бил итно пренесен во Ургентниот центар по сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила на раскрсницата со булеварите „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „8 Септември“.

Од МВР информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале автомобил „Мерцедес“ и мотоцикл. Возачот на моторот со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, но засега нема информации за неговата здравствена состојба. На местото на несреќата извршен е полициски увид.

soob-motor1

soob-motor-pmv