Мост побара од ХДЗ да се изјасни дали ќе се приклучи на преговорите за влада
Партијата Мост ја покани Хрватска демократска заедница (ХДЗ) и Патриотската коалиција денеска до 16 часот да се изјаснат дали сакаат да бидат дел од процесот за составување на влада, но без да поставуваат нови услови, со кои би можеле да го сменат документот вчера потпишан од Мост и од коалицијата на Социјалдемократската партија (СДП).
Во соопштението од Мост се наведува дека на ХДЗ и дава повеќе време, како што и даде и на СДП, откако социјалдемократите одлучија да не учествуваат во трипартиската влада и парламентарното мнозинство.
Во вчерашниот документ од Мост и социјалдемократите се наведува дека двете страни се согласуваат да учествуваат во владата која ќе биде составена од претставници на Мост и двете коалиции, како и од непартиски експерти.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?