-->
-->
Москва им забрани влез во Русија на воени функционери од ЕУ
-->
Русија денеска соопшти дека вовела санкции за одреден број граѓани на Европската унија како одговор на „непријателската антируска политика на Западот“. Руското Министерство за одбрана соопшти дека забранува влез на голем број европски воени функционери, високи офицери за безбедност, како и претставници на компании за продажба на оружје.
Меѓу санкционираните има вработени во компании кои ја снабдуваат Украина со оружје. Министерството не ги наведе имињата на лицата на кои им е забранет влез во Русија. Москва претходно воведе санкции за голем број западноевропски политичари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ангелов: Три пожари активни во моментов, деновиве од 20 до 30 пожари на отворен простор
-
УХМР: Од понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Кривична за поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар
-
Црногорската полиција трага по македонски државјанин осомничен за обидот за убиство на Марко Љубиша Кан во Будва
-
64-годишна жена нападнала малолетничка во Гази Баба
-
Тимови на Државниот пазарен инспекторат го контролираат спроведувањето на одлуката за цените на училишниот прибор
-
Приведено лице од Турција, при влез во државава во неговиот автомобил пронајдени два ножа, боксирач и палка
-
Во јуни издадени 213 одобренија за градење