Свет
1. September 2016 - 12:23

Москва е подготвена за соработка со кој било нов лидер на САД

Москва е подготвена за соработка со кој било нов американски лидер, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, наведувајќи дека мала е веројатноста повторно да дојде до Студена војна. 

Лавров истакна дека Русија го поддржува „развојот на нормалните односи со сите држави, сеедно дали станува збор за Америка или некоја друга земја, голема или мала. 

- Секогаш поаѓаме од фактот дека народот треба да одлучи за судбината на секоја земја. Ќе бидеме подготвени да соработуваме со кој било лидер кој ќе ја добие довербата на слободни и демократски избори, наведе Лавров на предавањето на државниот институт за меѓународни односи во Москва. 

Лавров оцени дека е мала веројатноста повторно да се случи Студена војна бидејќи за тоа нема предуслови, јави ТАСС. 

- Секако, многу е тешко да се споредат тие две ситуации (пред 50 години и денес). Не гледам предуслови кои би можеле да доведат Студена војна да стане реалност, нагласи рускиот министер за надворешни работи.