Монструм силувал 2 годишно девојче
Маж од околината на Бјеловар е приведен под сомнение дека сексуално злоставувал и тешко повредил двегодишно девојче, кое неговата сопруга (20) како малолетничка го родила во претходна врска.
Девојчето е прегледано на педијатрија, а потоа и на одделението за гинекологија, каде повредата хируршки е обработена и детето е надвор од животна опасност. Осомничениот е притворен на месец дена поради опасност да влијае врз сведоците.
Ова незапамтено злосторство, се дозна во четвртокот кога мајката и очувот го донеле детето во бјеловарската болница. Таму го превезол сосед кој на новинарите од „Бјеловарски лист“ им раскажал дека мајката тврдела дека детето паднало по скали.
Околносите се истражуваат од страна на сите надлежни институци за социјална помош и права на децата, како и полицијата. На местото каде живее 20-годишната жена и нејзиниот сопруг со неверување ја коментираат веста за наводно сексуално злоставување на бебе.
Некои мештани тврдат дека во семејството веќе имало насилство и дека едно дете веќе им е одземено и сместено во дом за згрижување на малолетници.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари