„Монструм“ одложен за 6 мај
Предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство е одложен за 6 мај, во 10 часот, бидејќи на денешното рочиште службено отсутен беше претседателот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев.
Како што информира судијата Осман Шабани, и Дафинка Ивановска, адвокатот на оштетените, го известила Судот дека нема да присуствува на денешното рочиште поради патување во странство.
Османи потсети дека на 8 април поднесок до Судот поднел адвокатот Насер Рауфи, бранителот на обвинетиот Агим Исмаиловиќ, со кој го откажал полномошното на обвинетиот. На 12 април до Судот било испратено барање на Исмаиловиќ да му се одреди бранител по службена должност.
Случајот „Монструм“ се наоѓа во доказна постапка и се однесува за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски. За петкратното убиство на првото судење на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
Ново на Сител
-
Маск: Време е САД да се повлечат од НАТО и ОН
-
Во текот на една недела санкционирани 136 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Њујорк тајмс: Трамп ќе разговара за прекин на воената помош за Украина
-
Лондон: „Нема договор“ за предлогот за делумно примирје во Украина
-
Џејмс ја оствари јубилејната 1.000 победа во НБА
-
Консеисао не планира да поднесе оставка по поразот од Лацио
-
Манчестер јунајтед сака да го купи договорот на Осимен
-
Барселона се врати на врвот со убедлив триумф над Реал Сосиедад