Свет
4. September 2018 - 10:18

Моника Левински побегна од ТВ интервју: Новинарката ја праша за Клинтон, а таа побегна од бината

Моника Левински, поранешната стажантка во Белата куќа позната по сексуалната афера со поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, побегна од интервјуто кое го даваше на јавен настан во Ерусалим во Израел, кога и е поставено прашањето за Клинтон.

Левински, која сега е активист кој се бори против малтретирање на интернет, на Твитер објави дека пред самото интервју ги договорила темите и дека требало да зборува за опасностите кои демнат на интернет.

Меѓутоа, водителката Јонит Леви со првото прашање, кое се однесуваше на нејзиниот однос со Клинтон, покажа „очигледно непочитување на договорот“.

Леви ја праша Моника дали очекува лично извинување од Клинтон поради скандалозната афера од пред 20 години.

„Жал ми е. Нема да може ова“, рече Левински, го спушти микрофонот и се симна од бината.