МОН: Студентите до 10 август да аплицираат за субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука (МОН) потсетува дека во тек е аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024 година, за тековните студенти. Крајниот рок за пријавување преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk е 10 август, се наведува во денешното соопштение на МОН.
- По завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени за тоа преку порталот каде ја поднеле својата апликација. Потоа, од страна на „Шпаркасе банка“ со која Министерството за образование и наука склучи нефинансиски договор за реализација на мерката - субвенциониран студентски оброк, ќе бидат повикани во некоја од филијалите за да склучат договор за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка, преку која единствено ќе можат да ги користат средствата, се појаснува во соопштението.
Аплицирањето за кандидатите, кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, ќе трае од 1 до 7 октомври. Понатаму, можноста за аплицирање ќе биде отворена од 1-ви до 7-ми секој нареден месец, за студентите кои претходно не го оствариле правото поради каква било причина.
Ново на Сител
-
Над 10 отсто од лицата на возраст за пензионирање во ЕУ и натаму работат
-
Митева: Никој што е вмешан нема да биде амнестиран во истрагата за Кочани
-
Американските власти го привеле најпознатиот „тиктокер“ во светот, Хаби Лејм
-
Градоначалникот на Тирана, Велиај, останува во притвор, одбиено барањето за поблага мерка и понудената кауција
-
Иран ја проширува забраната за шетање кучиња во дваесетина градови: „Нечисти се и се симбол на Западот“
-
Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО
-
Квaлификaции зa CП 2026: Макeдoнијa победи прoтив Кaзaxстaн
-
Невреме во Букурешт: Поплави, соборени дрвја и доцнења на летови