МОН: Средношколците во септември нема да учат по Кембриџ
Министерството за образование и наука ја соопшти одлуката од вчерашната седница на Владата дека Кембриџ програмата нема да се имплементира од септември оваа година во јавните средни училишта.
- Определба на Владата и Министерството за образование и наука е современо образование и квалитетни наставни програми за подобрување на воспитнообразовниот процес во земјата. Воведувањето нови наставни програми бара анализа и обмислување на процесите, а не избрзани решенија. Тоа, меѓу другото, значи и подготовка на учебници кои користат соодветна терминологија, кои се јасни и прецизни и кои се соодветни за образовниот систем на Република Македонија, информира МОН.
Министерството нагласува дека одлуката да се одложи почетокот на Кембриџ програмата во средните училишта за учебната 2018/2019 е донесена поради временскиот теснец да се обезбедат тие стандарди и поради избегнување несакани ситуации во средното образование.
Со оваа одлука, наведува МОН, се дава разумен временски период за дебата и подготовка на учебници од кои македонските ученици ќе го добијат заслуженото квалитетно и светско образованиие.
Ново на Сител
-
Ангелов: Не може да се разговара од почеток за веќе ревидирани препораки во историската комисија
-
Муртезани: Неодбивањето на предлогот за одложено дејство на Фор дер Лајен остава простор за решение
-
Шилегов обвини дека СДСМ е заробена, партијата му одговори дека Филипче е избран демократски
-
Филков: Време е за освежување во Комисијата за помилување
-
Претседателот на ЗЕЛС ги кани на состанок Костадинов и Јакимовски
-
Ленин Јовановски во Белград разговарал за донација на автобуси на Скопје
-
Шест нови лета од Скопје и Охрид
-
ССМ: Наместо граѓаните, корист од замрзнатите маржи имаа трговците