МОН: Се унапредува процесот на одобрување учебници
Националната комисија за учебници има нов состав. Врз основа на Законот за учебници за основно и за средно образование, Владата ги именуваше проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Билал Шахини, проф. д-р Слаѓана Брсакоска, д-р Агим Реџепи, проф. д-р Сашо Татарчевски, проф д-р Ана Гацева, проф. д-р Љубен Тевдовски, проф. д-р Никола Минов и Илми Бислими, за нови членови на Комисијата.
Како што соопшти денеска Министерството за образование и наука, заедно со Педагошката служба очекуваат новиот состав на Комисијата да го интензивира и унапреди процесот на одобрување учебници во основното и средното образование и да биде клучниот филтер во обезбедувањето квалитетни основни помагала за совладување на наставната материја.
- Националната комисија за учебници има повеќе надлежности согласно Законот за учебници во основното и средното образование, меѓу кои формирање рецензентски комисии за ракописите на учебници, расправа за стручните вреднувања на ракописите за учебници по соодветните предмети и носење одлуки за одобрување и употреба на учебници во основното и средното образование, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино