Молотов коктел фрлен во кафе-барот „Круг“ во Дебар Маало
Угостителскиот објект што се запали пред два дена на улицата „Наум Наумовски Борче“ е кафе-барот „Круг“. Пожарот избувнал откако во барот среде бел ден, во Дебар Маало, бил фрлен Молотов коктел. Во моментот кога бил фрлен „молотовиот коктел“ во локалот се наоѓал и сопственикот.
Во полицискиот билтен потенцираат дека сторителот е сѐ уште непознат и дека допрва се превземаат мерки за расчистување на настанот.
„На 19.12.2017 година во 03.50 часот во Скопје, на улицa „Наум Наумовски Борче“ во угостителски објект соственост на З.К.(46) од Скопје, од страна на непознат сторител фрлено е стаклено шише во кое најверојатно имало запалива материја и на местото каде што паднало, настанал пожар. Пожарот е локализиран од страна на чуварот во угостителскиот објект, при што скршено е стакло од влезната врата од локалот, а повредени лица нема. Извршен е увид на место на настанот, се преземаат мерки за расчистување на случајот“ информираат од МВР.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини
-
Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“
-
Најтопло утрово во Гевгелија, најстудено во Берово и Попова Шапка
-
Идентификувани телата на 55 загинати во сударот на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон
-
Путин: Трамп многу брзо ќе го врати редот
-
Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче