-->
-->
МОК и „Фудбал за пријателство“
-->
Македонските учесници во проектот „Фудбал за пријателство“, младите амбасадори Стефан Талевски, млад фудбалер од подмладокот на ФК „Пелистер“ од Битола и Симона Костадинова, ученик од Скопје и националниот амбасадор на проектот, проф. д-р. Наташа Мешковска, во просториите на Македонскиот олимписки комитет (МОК) остварија средба со д-р Васил Тупурковски, претседател на МОК и Владимир Богоевски, спортски директор на МОК.
На средбата македонските учесници го претставија проектот и неговите цели и разговараа за неговите вредности – пријателство, мир и еднаквост, како и поттикнување на негување на истите помеѓу граѓаните на Македонија. Младите амбасадори на присутните им подарија сино-зелена алка на пријателството – официјален симбол на проектот и неговите клучни вредности.
„Голема чест и задоволство ми претставува можноста да ја продолжам личната спортска кариера како амбасадор на проектот ‘Фудбал за пријателство’. Верувам дека заедно со другите претставници од Македонија, пред сѐ младите Стефан и Симона, ќе ги промовираме вредностите и значењето на овој голем интернационален проект. Истовремено, очекувам дека ќе наидеме на поддршка од целокупната македонска јавност и заедно ќе продолжиме да ги негуваме вредностите на проектот“ – изјави проф. д-р. Наташа Мешковска, амбасадор на проектот „Фудбал за пријателство“ за Македонија.
„Како прв директен учесник од Република Македонија во проектот ‘Фудбал за пријателство’ чувствувам голема одговорност при ширењето на неговите клучни вредности помеѓу моите врсници. Се надевам дека со реализација на еден ваков проект ќе ги мотивираме и поттикнеме сите луѓе да ги шират и секојдневно да ги применуваат вредностите – одлика на проектот“ – изјави Стефан Талевски, млад фудбалер од подмладокот на ФК „Пелистер“ Битола.
„Како претседател на Македонски олимписки комитет и повеќедецениски протагонист на случувањата во спортот, воопшто, со огромно задоволство давам лична поддршка на проектот ‘Фудбал за пријателство’. Од тоа што го разговарав со македонските учесници можам да заклучам дека ваквиот пристап со сигурност ќе придонесе за развој на спортскиот дух и спортската култура. Дополнително, за времињата во кои живееме вакви високоморални процеси се неопходни за одржување и развој на меѓучовечката толеранција. Затоа, ги поттикнувам Стефан и Симона да продолжат и по завршувањето на проектот интензивно да комуницираат со сите стекнати другари и пријатели – затоа што денес е тоа лесно и едноставно. Ја користам оваа можност на македонската делегација да ѝ пожелам пријатно и успешно патување во знакот на спортскиот дух“ – изјави д-р Васил Тупурковски, претседател на МОК.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња