Фудбал
7. November 2017 - 13:45

Мојс место Билиќ на клупата на Вест Хем

Премиерлигашот Вест Хем брзо најде замена за сменетиот менаџер Славен Билиќ. Како и што најавија англиските медиуми него го наследи Дејвид Мојс, кој ланската сезона ја заврши во Сандерленд екипа која испадна од Премиер лигата.
- Баравме некој со искуство, кој ја познава Премиер лигата и играчите и ние веруваме дека Мојс е вистинскиот човек, изјави Дејвид Саливен за официјалниот интернет сајт.
За 54-годишниот Мојс Вест Хем ќе биде четвртиот клуб од Премиер лигата, по Евертон, Манчестер Јунајтед и Сандерленд.
Своето деби на клупата ќе го има на 19.ноември против Вотфорд на гости.