Могерини: Црна Гора како дел од НАТО ќе придонесе за стабилност на регионот
Црна Гора е доверлив партнер на Европската унија, а пристапувањето на земјата во НАТО дополнително ќе придонесе за стабилноста на регионот, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини на состанок со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.
Тие на средбата во Брисел нагласија дека европската интеграција е заедничка одговорност на сите политички сили во земјата.
- Могерини укажа дека ЕУ ја цени целосната усогласеност на политиката на Црна Гора со сите надворешнополитички позиции на ЕУ и го охрабри претседателот на Владата да продолжи со истите напори. Пристапувањето на Црна Гора во НАТО дополнително ќе придонесе за стабилноста на регионот, соопшти делегацијата на ЕУ во Црна Гора.
На состанокот станало збор и за политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата во Црна Гора и тие се согласиле дека процесот на европска интерграција е заедничка одговорност на сите политички сили во земјата и оти бара континуирани напори.
Ѓукановиќ нагласи дека за време на дводневната посета на Брисел имал мошне квалитетни разговори со највисоките европски функционери.
- Сите разговори беа одличка прилика оваа година на јубилејот на десет години независност, на некој начин да рекапитулираме што Црна Гори сторила на планот на модернизација на општеството и достигнување на стандардите на европската и евроатлантската заедница, рече Ѓукановиќ.
Ново на Сител
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп