Моди: Индија е во состојба да го уништи Пакистан за 10 дена
Индија веќе е во состојба да го уништи Пакистан за помалку од 10 дена во секоја нова војна со својот сосед и соперник, изјави премиерот Нарендра Моди, пренесен од француските медиуми.
Двете соседни земји што поседуваат нуклеарно оружје досега имаа три војни и во минатиот февруари се приближија до четвртиот меѓусебен конфликт по воздушните напади, предизвикани од нападите врз индиската војска во Кашмир.
Моди веќе со недели наназад се наоѓа под притисок заради протестите за новиот закон за државјанство, забавувањето на економијата и шансите да претрпи пораз на изборите во Њу Делхи во текот на следниот месец.
-Пакистан веќе загуби три војни. На нашите вооружени сили нема да им бидат неопходни повеќе од седум до 10 дена за да го натераат Пакистан да исчезне, изјави Моди во вчерашниот говор пред воениот врв.
Неговите коментари следат по минатогодишниот инцидент, кога индиски авион ловец беше соборен, а пилотот заробен, од пакистанската армија по реткиот воздушен судир меѓу двете држави.
-Тоа е „младешко мислење”. Ние изведуваме хируршки напади и напаѓаме терористи во нивните домови, рече Моди.
Индија и Пакистан водеа три војни: во 1947, 1965 и 1971 година, а во 1999 година беше таканаречениот Каргилски конфликт.
Моди изјави дека Пакистан продолжува да води „прокси војна” против Индија, поддржувајќи ги борците од Кашмир, кои се наоѓаат во делот што е под администрација на Индија, каде во последните децении загинаа десетици илјади лица.
Кашмир од 1947 година е поделен меѓу Индија и Пакистан, по стекувањето независност од Велика Британија.
Ново на Сител
-
СДСМ: Власта да не го игнорира загадувањето
-
Грипот и респираторниот синцицијален вирус ја наполнија клиниката “Козле” со болни деца
-
Граѓаните на Шуто Оризари се решени ѓубрето од дома да го однесат пред Град Скопје, вели Османовска
-
Нема откуп на годишната реколта на ориз, министерот смирува, ќе се откупува за стокови резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
ДУИ за видеото на Ахмети во униформа на УЧК - Тоа е неговата биографија
-
Тошковски за видеото на Ахмети - Неуспешен обид за дефокусирање од криминалите