МОБ ќе ја отвори сезоната 2017/2018 на 27 септември
Првата балетска премиера во сезоната 2017/2018 ќе биде на 18 октомври, а првата премиера на Операта на 31 октомври, најави Македонската опера и балет. Новата сезона МОБ ќе ја отвори на 27 септември со балетот „Клеопатра“ кој, според статистиката на МОБ, на репертоарот минатата сезона била најизведувана и најпосетена претстава со над 8.500 гледачи.
Првата премиера на МОБ наесен е закажана за 18 октомври и ќе биде балетски триптих. Првите два дела од триптихот, „Софа“ и „Некои срца“ се во кореографија на Ицик Галили од Израел на музика од Том Ватс и Филип Глас, а третата претстава е обнова на „Песна над песните“ (Лудница) во кореографија на Сташа Зуровац и на музика на Маријан Нечак.
Првата оперска премиера во новата сезона на МОБ, пак, е најавена за 31 октомври кога ќе бидат изведени претставите едночинки „Кавелерија Рустикана“ на Пиетро Маскањи и „Паљачи“ од Руџеро Лоенкавало.
- До крајот на оваа календарска година на сцената на МОБ ќе бидат изведени балетските претстави „Дон Кихот“, „Дамата со камелии“, „Лебедово езеро“ и „Бурнонвил“, а од оперските претстави публиката ќе може да ги види „Тоска“, „Набуко“, „Травијата“, „Евгениј Онегин“ и „Лилјакот“. За изведбите од тековниот репертоар, МОБ ќе продолжи да кани имиња од светската оперска и балетска сцена, со цел доближување на квалитетот до публиката, соопшти МОБ.
Во 2018 година во план се три оперски премиери - обнова на „Кармен“ од Жорж Бизе, премиера на операта „Шение“ од Умберто Џордано и „Џани Скики“ од Џакомо Пучини.
Премиерно ќе бидат поставени балетите „Божествена комедија“ и „Ромео и Јулија“, а по повод 70 години од своето основање, Балетот на МОБ ќе биде домаќин на голема европска балетска конференција.
МОБ ќе продолжи и да го организира и детскиот викенд со изведба на детски оперски и балетски претстави. МОБ најави и дека ќе ја поддржи алтернативната сцена со цел таа да се развие и да се создадат нови и квалитетни оперски гласови и балетски кореографи.
Македонската опера и балет ја заврши сезоната 2016/2017 минатиот месец со Моцартовиот „Реквием“. Потоа следуваа и гостувања на Балетот во Пловдив, Охрид и во Сплит. Во првото полугодие од 2017 година МОБ ја посетиле повеќе од 25.000 гледачи на 76 претстави.
Ново на Сител
-
Претседателот на Малдивите светски рекордер - држеше 14 часа 54 минути прес конференција
-
33-годишен мотоциклист загина во сообраќајка на патот Дебар - Струга
-
Лазаров оптимист пред дуелите со Естонија и Литванија
-
Тему прекинува со испорака на стоки од Кина во САД поради американските царини
-
Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат
-
„Њујорк тајмс“: Украина добива нова американска помош – ракетен систем Патриот
-
Вчерашното убиство во Скопје било извршено пред 5-годишната ќерка на сопружниците
-
Кон средината на мај, Трамп во Ријад ќе се сретне со лидерите на земјите од Заливот