МО ќе покрене постапка против војникот кој учествуваше во инцидентот на Мечкин Камен
Министерството за одбрана (МО) формира Комисија со цел покренување постапка против професионалниот војник Мартин Богоевски кој е препознаен на видео снимка од вчерашниот инцидент на прославата на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево.
- Со цел да се добие увид во ситуацијата и во заднината на случувањата, професионалниот војник Богоевски денеска е повикан на разговор и на распит во Воената полиција. Во текот на распитот војникот Богоевски, иако на видео-снимките се гледа како стои во првиот ред, негирал дека учествувал во инцидентот во кој беа нападнати вербално и со фрлање предмети високи официјални гости од странство, како и владината делегација која дојде на Мечкин Камен со цел да зеде учество во прославата на Илинден, соопшти МО.
Министерството за одбрана, се вели во соопштението, го осудува учеството на професионалниот војник Богоевски во инцидентот и укажуваме дека на припадниците на институција како што е АРМ не им е местото во групи кои користат насилство за остварување на политички цели и кои со напади врз високи странски официјални лица го нарушуваат угледот на АРМ и на Република Македонија.
Министерството за одбрана ќе ја информира јавноста за текот на постапката и за преземените мерки во врска со овој случај.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени