МНР упати сочувство за настраданите во терористичкиот напад во Минхен
Министерството за надворешни работи изрази длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичкиот напад во Минхен, Сојузна Република Германија.
Воедно, од Министерството за надворешни работи соопштуваат дека се во постојан контакт со надлежните институции во Германија и до овој момент, нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани.
За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Германија, отворени се дежурни телефони во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Германија и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Генерален конзулат на Република Македонија во Минхен, СР Германија
Лице за контакт: Блерта Сали
Мобилен телефон: +491 763 063 50 87
Адреса: Brienner Straße 56, 80333 München
Е-пошта: munich@mfa.gov.mk
Амбасада на Република Македонија во Берлин, СР Германија
Мобилен телефон: +491 575 956 99 32
Адреса: Koenigsallee 2-4, 14193 Berlin
Е-пошта: berlin@mfa.gov.mk
Министерство за надворешни работи на Република Македонија
Лице за контакт: Никола Ѓорчев, мобилен телефон: +38975 328 116
Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790,
Е-пошта: infocentar24/7@mfa.
Од МНР информираат и дека Министерството за внатрешни работи на Сојузна Република Германија отвори дежурен телефон на кој може да се пријават сите исчезнати лица, односно лица со кои своите блиски не можат во моментот да стапат во контакт. Телефон: 0800 7766 350 (за повици само од СР Германија).
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување