МНР со конректни активности за решавање на проблемот со блокадата на границата со Грција
Министерството за надворешни работи на Република Македонија во изминатите денови презеде конкретни активности во насока на надминување на проблемот со блокадата на граничниот премин Евзони, на македонско-грчката граница.
Како што информират од МНР, упатена е протестна нота до грчкото Министерство за надворешни работи во која се бара да биде решен проблемот во најбрз можен рок.
Писмо, како што додаваат оттаму, е упатено и до Европската комосија во кое, МНР потенцира дека со тековната блокада на граничниот премин се крши Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ која ја има потпишано и Грција и гарантира слобода на движење на стоки и луѓе.
Истовремено, Министерството за надворешни работи од Албанија побарало понуда за условите за користење на пристаништето во Драч со цел непречен извоз и увоз и задоволување на потребите на македонските компании.
Граничниот премин Евзони, на македонско - грчката граница е блокиран од страна на грчките земјоделците од 30- ти минатиот месец.
Ново на Сител
-
Директорот на Ферари: Хамилтон ќе биде конкурентен и тоа многу наскоро
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Во Кавадарци одземено возило поради создавање бучава
-
Руте повика на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина
-
Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака за железничкиот Коридор 8
-
Без вода утре селата Батинци и Љубош
-
Инвестиција во милијарди евра во инфраструктурата и здравството, најави Мицкоски
-
Односите со САД се на ултра високо ниво, да не избрзуваме со заклучоци поврзани со визата на Лимани, изјави премиерот