МНР ќе го организира транспортот на посмртните останки на Маја Миа
По добиените информации за почината државјанка на Република Северна Македонија (М.Ј.) во Јужноафриканската Република, Министерството за надворешни работи преку надлежната Амбасадата во Каиро, стапило во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добиле потврда за трагичниот настан.
-Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, информираат денеска од МНР.
Како што објавија дел од медиумите, Јанеска позната како Маја Миа била пронајдена почината во Јужна Африка. Тамошните медиуми, повикувајќи се изјавата од портпаролот на полицијата, информираа дека до мртвото тело на Јанеска имало оружје.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости