МНР: Бугарската владина делегација во вторник ќе го посети Скопје
Одлуките на здравствените власти на Република Бугарија за самоизолација на дел од владиниот Кабинет на премиерот Кирил Петков, нема да ја променат претходно договорената рамка за посетата на високата бугарска владина делегација на Скопје, соопшти денеска Министерсвото за надворешни работи.
Како што се наведува во информацијата на МНР, терминот 18 јануари, вторник, останува како утврден датум за реализација на посетата, која се очекува да соодветствува и со изборот на новата Влада во земјава.
Одлуката, како што се наведува во соопштението, е донесена по денешните консултации меѓу двете министерства за надворешни работи на Македонија и Бугарија.
Прес-службата на бугарската Влада денеска информира дека Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова ќе бидат во самоизолација во наредните денови поради контакт со заразен од корона вирусот, па затоа неговата посета на земјава планирана за 18 јануари се одложува и наместо него бугарската владина делегација што ќе допатува во Скопје ќе ја предводи вицепремиерката Калина Константинова.
Ново на Сител
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно да се извинат за Артан Груби
-
СДСМ предлага мерки за намалување на загаденоста
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес