МНР апелира македонските државјани да не патуваат во Нигер, а тие што се таму веднаш да ја напуштат земјата
Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Македонија да избегнуваат патување во Нигер, додека на оние кои се наоѓаат во територијата на Нигер, а имаат можност да напуштат, да го направат тоа веднаш, поради влошената безбедносна ситуација во земјата и можноста од ескалација на истата,
- Воедно информираме дека Министерството, преку Амбасадата во Каиро работи на обезбедување евакуација за еден наш државјанин, кој има побарано помош. За тоа се водат интензивни преговори со нашите партнери и сојузници, кои имаат свои претставништва во Нигер. Во оваа прилика, ги замолуваме нашите државјани кои се наоѓаат во Нигер, а кои сѐ уште не оставиле свои податоци, да ја контактираат нашата Амбасадата во Каиро, со цел доставување на своите податоци, на следниот телефонски број + 202 27 508 501; +201017810085; +201033615542 и е-мејл адреса cairo@mfa.gov.mk. Дополнително, нашите државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk, се наведува во соопштението на МНР.
Ново на Сител
-
Историски аспект на Илинденското востание и Илинденската република
-
121 година од Илинденското востание
-
80 години АСНОМ
-
Чествување на Илинден
-
Филипче: Двата Илиндена не обединуваат
-
Пожарите беснеат низ државата, најкритично на Осоговските планини
-
Пожарникарите се борат со огнот над Косел
-
ОЈО и МВР истражуваат има ли злоупотреба на овластувања во случајот со Косовската претседателка