-->
-->
Младите македонски ракометари се пласираа на Светското првенство
-->
Младата ракометна репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Светското првенство за играчи до 21 година
Македонските ракометари по потешкиот пат успеаја да го освојат првото место во третата квалификациска група и тоа со ист број на бодови како и Португалија, но подобра гол разлика.
Во првиот меч од последното 3.коло, Португалија ја победи Полска со 34-21, па македонските младинци беа пред немозможна мисија да ја совладаа на Турција со 19 гола.
Така и беше. Првото полувреме црвено-жолтите го добија со 9 гола разлика 22-13, а во вториот беа уште подобри и на крајот славеа голема победа од 20 гола разлика 39-19.
Со тоа Македонија обезбеди пласма на Мундијалот во Алжир кој ќе се одржува од 17 до 30 јули претстојново лето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци