Кошарка
16. July 2015 - 18:10

Младите македонски кошаркари поразени од Шведска

Младата македонска кошаркарска репрезентација е поразена од Шведска, со што ги загуби шансите за пласман во А дивизијата на Европскиот шампионат.
 
Во натпревар од 2.коло на Ф група, од Б дивизијата на ЕП за играчи до 20-години, македонските кошаркари попладнево се поразени од Шведска со 64:61.
 
Со овој пораз македонските јуниори ги загубија сите шанси да се борат за едно од двете места во Б дивизијата, единствени кои носат пласман во елитната конкуренција.
 
Младеновски со 19 поени и 8 скока беше најефикасен во редовите на „црвено-жолтите’’, додека Андреј Магдевски реализира 13 поени, а Адем Мекиќ 10 поени. 
 
По овој пораз за Македонија остануваат уште две средби за пласман од 5 до 8-то место, а првиата е веќе во сабота против селекцијата на Холандија. 
 
 
За пласман од 5 до 8 место (сабота) 
13:30 Холандија       -  Македонија   
15:45 Белорусија       - Луксембург