Македонија
15. July 2024 - 16:32

Младите ја вадат сезоната во Охрид

Младите го надополнуваат дефицитот  во хотелско-угостителскиот сектор.На испразнетите места од вработените кои масовно заминаа на работа во Хрватска за повисоки плати и ова лето ангажирани се средношколци и студенти кои можат да одговорат на зададените задачи.

Во однос на увозот на работна сила иако беа најавени над 500 увезени работници од Непал, Индија, Филипини,  пристигнаа само стотина. Туристичките работници се откажаа од идејата, бидејќи дел од оние кои пристигнаа со ангажман  за работа  ја напуштија земјава.

Недостигот на работници од година во година е се поголем.Дефицитарни се сите гранки келнери,шанкери,собарки,рецепционери готвачи.