Македонија
3. December 2023 - 16:46

Младите го препознаваат сајбер насилството, но не пријавуаат поради страв од реакциите на општеството

Младите знаат да препознаат одредена форма на сајбер насилство, но немаат доволно храброст да го пријават. Главната причина за тоа е стравот од стигматизација и осуда од околината. Ова е заклучено низ разговорите со младите кои учествуваа на креативните работилници за изработка на аматерски цртежи против насилство на онлајн просторот, во рамки на проектот ,,Сподели, заштити се,, кој Организацијата на жени од Струмица го реализираше во изминатите седум месеци.

За да се надмине ваквата состојба неопходна е едукација и јакнење на довербата помеѓу младите и институциите и поголема меѓу секторска соработка , сметаат од организацијата на жени.

Како дел од проектот ,,Сподели, заштити се,, беа реализирани три тематски работилници, а младите вклучени во истиот подготвија изложба со  аматерски цртежи и фотографии преку кои ги споделија нивните знаења за сајбер насилството и пораките за превенција и спречување на истото. Проектот се реализира со поддршка на СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ финансиран од Кралството Норвешка.