-->
-->
Младинските репрезентации на подготовки во Маврово
-->
Женските ракометни репрезентации на Македонија до 17 и 19 години ги почнуваат подготовките за настапите на Европските првенства.
Националните тимови предводени од Борче Марковски и Јулијана Дамчевска ги објавија списоците на ракометарки кои ќе се подготвуваат во Маврово, а двете селекции со тренинзи почнуваат од шести овој месец.
Дамчевска ја предводи репрезентацијата до 17 години која ќе биде дел од Европското првенство што ќе се одржи во Скопје од 31 јули до 6 август додека тимот до 19 години ќе настапи на континенталното првенство во Словенија кое на програмата е од 27 јули до 6 следниот месец.
На ЕХФ Шампионатот што ќе се игра во Скопје за ракометарки до 17 години, Македонија се наоѓа во група со Полска, Швајцарија, Грција и Фарски Острови. Најдобро пласираната репрезентација во групата ќе обезбеди место во финалето.
На Европското Првенство до 19 години во Словенија, Македонија за противници во групата ќе ги има исклучително квалитетните Норвешка, Хрватска и Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес
-
Македонија до 21 загуби од Косово на првата контролна средба