Фудбал
26. August 2016 - 8:30

Младинците на Вардар дел од Лигата на шампионите

Европската фудбалска федерација (УЕФА) упати покана до младинскиот тим на Вардар да учествува во Лигата на шампионите. Извлекувањето на двојките ќе биде на 30.август, кога ќе биде познат и ривалот на „црвено-црните“.
Ова е одлука на УЕФА која оваа сезона направи проширување на младинската Лига на шампионите. Вардар е младински првак и ќе играат во новиот формат наречен „Домашна патека на младински шампиони“ .
 
Овој дел е натпреварување кое ќе почне да се применува од оваа сезона, а 32 екипи ќе играат 1/16 финале и ќе се игра по принципот дома-гости. Подобриот ќе игра во 1/8 финалето. Победниците од 1/8 финалето ќе играат во 1/4 финалето против второпласираните од групната фаза од младинската Лига на шампиони.
Во групната фаза од младинската Лига на шампиони ќе играат младинските екипи на сениорските тимови кои се пласираа во неа.
Првиот натпревар се игра на 27 или 28 септември, а реваншот на 18 или 19 октомври.