Ракомет
13. October 2016 - 13:57

Младеновиќ повреден на тренинг на Металург

Ракометарот на Металург Немања Младеновиќ на денешениот утрински тренинг се здоби со потешка повреда и најверојатно го очекува подолга пауза. Во дуел со соиграчот Стефан Дрогришки дошло до контакт (ненамерен) по што Младеновиќ бил повреден, а станува збор за повреда на клучната коска.

По снимките кои ќе бидат направени во текот на денешниот ден ќе биде познато дали има скршеница или пак повреда на лигамиентите.
Оваа информација на прес конференцијата пред саботниот дуел со Ла Риоха ја соопшти тренерот Лино Червар.