Митровски: Со лихварски кредити граѓаните се доведуваат во должничко ропство
Финансиските друштва ги ставаат граѓаните во должничко ропство користејќи ги празнините во законите па додека каматите ги држат во нормални рамки, долговите се билдаат со разни други трошоци како на пример за администрирање на кредитот или за негово одобрување кои во некои ситуации се и над 30% од самиот износ на кредитот, вели за Детектор Јанаки Митровски.
„Јас имам тука договор кој што е на кредит од 155.000 денари каде трошоците за одобрување на кредитот се 66.000 денари што е 35% од вредноста на договорот и има една одредба која што е супер спорна вика месечен надоместок за администрирање на кредит од 155.000 денари е 41.850 денари месечно. Тоа ве доведува до едно должничко ропство. Пропагирано ви е дека 7.800 денари ќе враќате месечно и вие немате ни теоретска шанса да ги враќате тие пари.
Дополнително се билда и законот за жал тоа го дозволува, со трошоци за прва опомена, втора опомена и внимавајте добро со опомена пред раскинување на договор која е 4.800 денари, а овие друштва никогаш нема да го раскинат договорот и да се лишат себе си од вака лесна заработувачка.“ – објаснува Митровски за Детектор
Ново на Сител
-
Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани
-
Пронајдени стари неексплодирани убојни средства гевгелиско, во близина на границата со Грција
-
Најсвежо утро во Лазарополе, најтопло во Дојран и во Гевгелија
-
Девет пожари на отворено изминатите 24 часа
-
Собранието ќе ја одржи 9. седница
-
Министерот Муцунски на НАТО работен појадок
-
Бајден повтори дека нема намера да се повлече од претседателската трка
-
Реална шанса за постигнување договор за ослободување на заложниците, тврди израелски преговарач