Митрески: Македонскиот јазик и идентитет се факт, нема потреба да расправа Комисија во Собранието
Координаторот на пратеничка група на СДСМ и коалицијата Јован Митрески го повтори ставот дека нема потреба да се дискутира за македонскиот јазик и идентитет во Собранието зашто тие се факт, одговарајќи на прашањето дали ќе присуствуваат на седница на Комисијата за надворешна политика која нејзиниот претседател Антонио Милошоски повторно ја закажа за четврток во 11 часот.
– Станува збор за Комисија која вторпат се закажува, очигледно дека сакаат да ја држат таа тема во јавност. Jас и по завршувањето односно непочнувањето на Комисијата за надворешни работи, каде што како Предлог-дневен ред беше поставена истата точка, дадов изјава и ќе ја повторам – јас и ние како пратеници не гледаме потреба да се отвори расправа во Собранието за нашиот идентитет и нашиот јазик. Факт е дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, која е потребата за тоа да дискутира Собранието?, рече Митрески.
Претседателот на Комисијата за надворешна политика Милошоски за задутре закажа седница со една точка на дневен ред: Утврдување национален став за македонските ЕУ-интеграции, наспроти позициите на официјална Софија засновани на Објаснувачкиот меморандум усвоен од Република Бугарија, кои претставуваат закана за блокада на евроинтеграциите и нарушување на универзалното право на самоопределување.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера