Митева: Советот на Ковачевски за унапредување на образованието е составен од некомпетентни политички функционери
И по четири дена реакциите за новата скандалозна одлука на Владата да формира некаков си посебен Совет за унапредување на образованието не стивнуваат. Образовната јавност е згрозена од потценувањето кое и го приредува Владата. Во т.н. Совет нема ниту еден истакнат универзитетски професор или експерт за образование. Напротив т.н. Совет е полн со луѓе со сомнително образование и сомнителни кариери, луѓе кој на ниту еден начин не може да се поврзат со образованието, а не па со унапредување на истото, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа додааде дека со Советот претседава дезертерот Ковачевски, за кој медиумите информираа дека во дата базата на факултетот во Црна Гора воопшто не постои негова докторска студија, што отвора многу сомнежи и клучно е дали тој воопшто докторирал на универзитетот во Подгорица? Замислете кој ќе го води телото кое е од суштинско значење за Република Македонија.
Потоа, во т.н. Совет е и Артан Груби. За образовната фела тотално непознат човек. Артан Груби позади себе има нула минути во настава и нула напишани научни и стручни трудови. Секако, под напишани трудови нема да ги сметаме паролите по трибини или партиските соопштенија.
Истите бројки ги следат и Битиќи, Бесими и Шаќири. Па така за овој некомпетентен Совет останува нејасно како човек со спорен докторат и луѓе со нула образовно искуство во својот живот ќе го унапредуваат образованието, изјави Митева.
Од ВМРО-ДПММНЕ прашуваат како и со што овие тотално некомпетентни луѓе ќе го унапредуваат секторот кој е суштински за секоја држава? Како може луѓето кои го доведоа образованието до мизерија сега одеднаш да го унапредуваат? До кога СДС и ДУИ ќе ги понижуваат просветните работници?
А, во меѓувреме, наставата продолжува без учебници и учениците црпат знаење од фотокопирани скрипти, се склучуваат зделки за принтани скрипти од половина милион, а во некои училишта и нив ги нема. Продолжуваат ветувањата, продолжуваат со формирање на советодавни тела и комисии од кои не само што нема резултати, напротив по нивното формирање секогаш состојбите стануваат полоши, изјави Митева.
https://
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница