Македонија
28. May 2021 - 13:24

Митева: Царовска наместо да ги решава, таа ги создаде сите проблеми во образованието

Министерката Царовска на собраниска седница коментираше проекти од предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Таа како вчера прв пат да слушнала дека ВМРО-ДПМНЕ во својата предизборна програма предвидува дигитализација во образовниот систем, што е неточно, бидејќи според изјавите на Министерката во изминатите месеци е сосема јасно дека нејзините служби, а и таа интензивно ги следат нашите соопштенија.

ВМРО-ДПМНЕ на секој свој настап повторува и информира дека не е против дигитализација.

ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ја подржува дигитализацијата во образованието уште од проектот Компјутер за секое дете и е-платформата на која се поставени учебници во ПДФ формат. Дел од овие учебници деновиве не им се достапни на учениците поради неспособноста на министерката да го реши проблемот со авторските права на издавачката куќа.

ВМРО-ДПМНЕ е силно против укинување на печатени учебници и причините за тоа постојано ги образложуваме.

Еве ја најновата:

На веб страната на МОН стои објава со наслов “Апелираме училиштата и општините да ги исплатат прекувремените часови работа на наставниците, МОН редовно ги уплаќа средствата“.

Токму за оваа состојба зборуваме 6 месеци. МОН ги уплатило средствата, а општините не ги исплаќаат. За ова предупредуваме во врска со изјавите дека:

училиштата ќе бидат задолжени да создадат библиотечен фонд на таблети,

училиштата ќе бидат обврзани да ја испечатат книгата и да обезбедат интернет.

Ние велиме: Училиштата ќе бидат задолжени но нема да го сторат тоа, од многу реални причини и како што сега не ги префрлаат средствата за да се исплатат прекувремените часови, така нема да ги префрлаат ни во иднина.

Ваква Ви е ситуацијата во образованието министерке и Вие тоа го знаете. Затоа Ве разбираме што вчера надмено им се обраќавте на пратениците, наместо да ги слушнете пораките кои Ви ги испраќаат и не заради Вас, туку заради иднината на нашите деца и нашата татковина.

 

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ