Мисисипи: 22 американски војници повредени при скокови со падобран
Најмалку 22 американски војници на обука во воена база во Мисисипи, се здобле со повреди за време на ноќни падобрански скокови, јави синоќа телевизијата „Даблју Ди Ај Ам“.
Џон Пенел, претставник на армијата на САД изјави дека седум војници биле однесени в болница од полигонот Кемп Шелби, а уште 15 се здоболе со полесни повреди и им била укажана медицинска помош. Се дознава дека по скокот од авион, силен ветер ги однел падобранците во борова шума, вон планираната зона на спуштање.
Се укажува дека, сепак, повредените војници не се во животна опасност.
Пенел изјави дека во летот на десатниот авион се наоѓале 89 падобранци кои во средата навечер учествувале на ноќни вежби.
Во вежбите учество зеле вкупно 650 војници.
Околу 3 илјади војници стационирани на Аљаска поминуваат месечна подготовка во Кемп Шелби, Мисисипи, наречена „Операција ‘арктичка наковална’“.
Ново на Сител
-
Меџити: Се зборува дека Груби е во Албанија, Ахмети е во постојан контакт со него
-
814 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава
-
Меџити: Химната може да биде само со музика без текст
-
Потпишан Договор за аеропрочистувачи, ќе бидат донирани во болници, градинки, училишта,...
-
Маск поддржа обвинувања дека Зеленски сака „моќ и пари“ наместо мир
-
Приведен 58-годишен маж од с.Чергане, бил баран со потерница
-
Претрес во затворот „Идризово“, полицијата пронашла дрога
-
Уапсен 27-годишник од Радовиш, пронајдена е марихуана и дигитална вага