Мишел: Трошоците за одбрана на ЕУ ќе достигнат рекордно високо ниво во 2023 година
70 милијарди евра, што е за околу 30 милијарди евра повеќе отколку во 2022 година, изјави претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за Европската агенција за одбрана (ЕАО).
Ова е деветта последователна година на раст на трошоците за одбрана на земјите од ЕУ, во време кога неколку од нив се залагаат за значително зголемување на тие трошоци поради војната на Русија во Украина.
Во 2022 година, шест од 27 земји-членки ги зголемија трошоците за одбрана за повеќе од 10 проценти, а во случајот со Шведска, земја која чека ратификација на членството во НАТО, дури и за повеќе од 30 проценти.
Франција, од друга страна, ги зголемила трошоците за одбрана за само 0,7 отсто во 2022 година, според ЕАО.
Заедно, земјите од ЕУ трошат 1,5 отсто од својот бруто домашен производ (БДП) на одбранбениот сектор, што е многу помалку од целта од 2 отсто поставена од НАТО. Дваесет и две земји од ЕУ се исто така членки на НАТО.
Според податоците на ЕАО, за инвестиции во одбранбениот сектор биле издвоени околу 58 милијарди евра.
Со околу „60 милијарди евра годишно, можеме да направиме големи работи“, додаде Мишел во својот говор пред ЕАО во Брисел.
Тој рече дека треба да се започне со „единствен одбранбен пазар“ за да се избегне губење на ресурси, дуплирање во некои области на производство и да се постигнат економии од обем.
За да се постигне ова, ЕАО треба да стане „вистинско европско Министерство за одбрана“, предложи претседателот на Европскиот совет.
Според него, одбранбената индустрија во Европа исто така мора да стане повидлива.
„Со војната што беснее на нашиот континент, можеме да гарантираме долгорочни договори“ за овие производители, рече Мишел, кој додаде дека пораката на 27-те земји е јасна: „произведувајте и ние ќе купуваме“.
Што се однесува до финансирањето, Мишел го спомна започнувањето на програмата за заеми за одбрана во Европа.
Ново на Сител
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте