-->
-->
Мирен собир во Прилеп „Бараме одговори и одговорност“
-->
Под парола „Бараме одговори и одговорност“, напладне пред параклисот „Свети Никола“ во центарот на Прилеп се одржа мирен собир. Граѓани, средношколци, студенти со тага и молкум палеа свеќи пред параклисот во спомен на загинатите во огромната трагедија во Кочани. Беше отворена и книга на жалост.
Меѓу младите се појавија и транспаренти со кои ги изразуваа неспокојот, тагата и болката, меѓу кои: „Години на молк секогаш водат до една минута молк“.
Мирниот собир е најавено да се одржува секојдневно напладне.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти
-
Психолошка помош им е потреба на голем број граѓани, особено на семејствата кои ги изгубија најблиските
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ