Мирен протест на навивачката група Гемиџии
Навивачката група „Гемиџии“ на ФК „Борец“ вечерва на платото пред театарот во Велес одржа мирен протест од кој повторно упати апел до ОФС Велес да ги преиспита одлуките од последното годишно собрание одржано изминатиот петок, односно меѓу четирите делегати на ОФС Велес во собранието на ФФМ да земе и еден делегат од ФК „Борец“.
Павле Лазаревски од Навивачката група „Гемиџии“ за МИА изјави дека тие го подржуваат претседателот на ФК „Борец “ Кочо Анѓушев кој на годишното собрание искажа незадоволство и го напушти, бидејќи меѓу четирите делегати што ОФС Велес ги има во собранието на ФФМ не беше избран претставник на ФК „Борец“. Тој им се закани дека доколку ФК „Борец“ не добие делегат ќе престане до го спонзорира клубот кој се натпреварува во првата лига.
-Ние како навивачка група „Гемиџии“ упатуваме апел до двете страни да седнат на маса и најдат заедничко решение. ФК „Борец“ да добие свој делегат, а ,Анѓушев да остане спонзор и претседател на клубот, затоа што не сакаме клубот кој е гордост на градот и единствена светла точка, да згасне, потенцира Лазаревски од името на Навивачката група „Гемиџии“.
Додаде дека ако тие не најдат заедничко решение, навивачката група „Гемиџии“ ќе продолжи со мирните протести.
Ново на Сител
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога