Минов: Оптимист сум дека Владата ќе има волја позитивно да се реши проблемот на лозарите
Оптимист сум дека Владата ќе има волја позитивно да се реши проблемот на лозарите, рече денеска на прес конференција пратеникот Панчо Минов од Кавадарци. Тој нагласи дека има правен основ за исплата на долгот на лозарите од винарските визби за грозје купено во 2014, 2015 и 2016 година.
– Поставив пратеничко прашање до премиерот и министерот за земјоделство и веќе по направените анализи утврдив дека имало случај за друга категорија на земјоделци, кога државата платила со пари од буџетот. Правниот основ е во законот за земјоделство и рурален развој. Во пратеничкото прашање посочив дека ваква пракса на спроведување на овој правен основ од законот веќе еднаш е реализирана за друга категорија на земјоделци. Испитав и во Агенцијата за финансирање на земјоделците, да во масата на средства која што е превидена во 2019 вкупно за земјоделството е предвидено и дел на средства за разрешување на овој најголем проблем на лозарите од Тиквешијата, додаде пратеникот.
Соопшти дека во неговото писмено прашање се интересирал и за исплатата на субвенции за лозарите, како и за ветениот денар по килограм грозје продадено во винарските визби.
– Очекувам и ги охрабрувам лозарите дека овие поставени прашања и ова мое застапување ќе продолжи се до решавање на проблемот, а јас сум оптимист дека одлуката ќе биде соопштена за денот на лозарите и за исплата на редовните субвенции пред празникот Свети Трифун, заедно со едниот денар, нагласи Минов.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти