Миноски:Буџетот ликвиден, нема потреба од ребаланс, субвенциите ќе се исплатат по објавување на одлуката
Буџетот е ликвиден, а за исплата на земјоделските субвенции од Министерството за финансии ќе се чека да се објави Одлуката на Уставниот суд.
Ова го истакна денеска министерот за финансии Кирил Миноски одговорајќи на новинарски прашања на Денот на финансиската едукација, при што рече дека во моментов нема потреба од ребаланс и од издавање еврообврзница.
- Во моментов не постои потреба од ребаланс на буџетот, како и за еврообврзница. Постои доволна ликвидност на домашниот пазар и наплатата на приходите е на соодветно ниво, рече Миноски.
Тој додаде дека податоците се објавуваат на веб страницата на Министерството за финансии од кои е јасно дека постои ликвидност во буџетот.
За исплатата на субвенциите рече дека постои одредена постапка во Уставниот суд за објавување на одлуката и откако ќе биде објавена ќе се види што содржи.
- Треба да ја видиме одлуката и да видиме кога ќе биде објавена. Доколку не е спорна и ако не постои законска пречка ќе може да се почне со исплата на субвенции, рече Миноски и додаде дека најголем дел од документите стапуваат на сила во моментот кога ќе бидат објавени, било да е тоа официјално на веб страница или во Службен весник.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија