Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
На денешната спортска манифестација “500 Стипендии - поддршка вредна злато” 12 млади кикбоксери беа наградени од страна на Министерството за спорт. Министерот за спорт Борко Ристовски им додели дипломи на нашите наградени спортски надежи и со пригоден говор и панел дискусија беа пренесени моќни и суштински пораки до сите 500 спортисти.
Добитници на оваа значајна финансиска помош за младите и перспективни кикбокс спортисти членови на повеќе клубови на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија се: Давид Атанасовски, Марија Димовска, Силвио Мировски, Петар Илковски, Јадранка Темелкова, Максим Митровски, Адријано Димишковски, Антонио Ташков, Лука Змејковски, Нелсон Узеир, Калин Бебовски и Сара Стојановска.
“Ова е многу добра и значителна финансиска поддршка за нашите млади спортисти. Со вакви проекти и финансиски стимулации со сигурност инвестираме заеднички во подобри спортисти и поголеми спортски резултати. Секоја помош во спортот е добредојдена и навиваме за уште повеќе вакви проекти и инвестиции во спортот” - изјави Дејан Митровски - Урко - претседател на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија.
Ново на Сител
-
Кривична за тетовец вработен во јавно претпријатие, парите не ги предал во благајна туку ги присвоил за себе
-
Приведен 39-годишен скопјанец, ги нападнал сестрата и неговата мајка
-
Европол: Уапсени 30 лица вмешани во трговија со луѓе во Шпанија и во Хрватска
-
Потрошувачите во Хрватска повикани на неделен бојкот на малопродажните синџири и производи
-
АМСМ: Магла во Битола и Прилеп, видливоста од 50 до 100 метри
-
Комеморација во Аушвиц: Преживеаните сведочат за ужасите на Холокаустот
-
Утре без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров
-
Кривична пријава против велешанец за криумчарење на тројца мигранти