Министерството за одбрана продава службени кучиња на аукција
Министерството за одбрана на официјалната веб страна објави продажба на движни ствари – службени кучиња по пат на електронско јавно наддавање. На продажба се 11 службени кучиња по цена од 60 до 200 евра.
Кучињата се стари меѓу шест месеци и година ипол, а објавувањето на огласот предизвика остри коментари во македонската јавност, бидејќи овие животни поминале низ комплетна обука.
Кучињата се наоѓаат во Центарот за обука и дресирање на кучиња во касарната „Ѓорче Петров“ и можат да се видат на 2 февруари од 12 до 13 часот. Аукцијата ќе се одржи во петок (11 февруари) со почеток во 11 часот.
Право на учество на јавното електронско наддавање имаат сите домашни и странски физички и правни лица кои ќе уплатат 2 отсто од проценетата вредност на кучето за кое се заинтересирани.
Ново на Сител
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски