Министерството за одбрана ќе ја повтори постапката за набавка на униформите за АРМ
Министерството за одбрана денеска го раскина договорот за набавака на 14.000 комплети воено-теренска униформа, поради како што информираат, неисполнувањето на договорот за набавка од страна на фирмата, избрана во јавна и транспарентна постапка.
Од Министерството наведуваат дека никогаш нема да отстапи од намерата секој припадник на Армијата да добие униформа со врвен квалитет, без компромиси и калкулации и дека согласно постапката ќе биде активирана и банкарската гаранција.
– Причина за раскинување на договорот е што во рок од 50 дена за доставување на мостри, согласно договорот за набавка на 14.000 комплети воено-теренска униформа, фирмата не достави комплетни мостри и соодветни сертификати, и истото не го стори ниту по дополнителниот рок од 15 дена кој е пропишан со договорот, се вели во соопштението од МО.
Посочуваат дека во следните неколку денови, целосната постапка ќе биде повторена и припадниците на Армијата ќе добијат нови униформи.
– Ги повикуваме заинтересираните компании да се пријават само доколку можат да го испорачаат квалитетот кој го бараме во спецификацијата на тендерската документација. Информираме дека фирмата која во првиот тендер не го испочитува договорот, нема да може да учествува во повторената постапка, согласно Законот за јавни набавки, се вели во соопштението од МО.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?